Кошарка

Женскиот прволигаш Баскет Кам убедлив против Трокал

Со убедливи 66:17, женската екипа на прволигашот Баскет Кам ја совладаа екипата на Трокал од Кавадарци и се искачија на третото место на табелата.

Македонска Каменица, 16 декември 2018  (МИА) – Со убедливи 66:17, женската екипа на прволигашот Баскет Кам ја совладаа екипата на Трокал од Кавадарци и се искачија на третото место на табелата.

Според тренерот Јордан Цветановски, ова беше најдобрата партија на екипата во есенскиот дел од сезоната.

– Им честитам на нашите кошаркарки кои со пожртвувана игра го зачуваа добриот скор во првенството во кое моментално со 5 победи и три порази се наоѓаме на третото место на табелата, вели Цветановски.

Додава дека пресудно за победата над кавадарчанки била добрата одбрана и брзиот контранапад на Каменичанки.

Вториот претставник од Источна Македонија екипата на Клубски Патриот игра против екипата на Работнички Клубски Патриот на табелата е на претпоследната позиција со скор од една победа и шест порази.

Шанса за искачување на втората позиција екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица ќе има во следното 10 коло на гостувањето кај Струга. Делчевки пак во 10 коло ја пречекуваат екипата на Пелистер од Битола. вс/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close