СветСвет.Портал

Протестна нота од Ирак за Турција поради нарушување на воздушниот простор

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор во Багдад при што му врачи протестна нота поради повторно нарушување на воздушниот простор на Ирак.

Каиро, 14 декември 2018 (МИА) – Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор во Багдад при што му врачи протестна нота поради повторно нарушување на воздушниот простор на Ирак.

– Министерството ги осудува акциите на турските воздушни сили кои го нарушуваат воздушниот простор на Ирак и притоа нападнаа неколку локации во северен Ирак, што доведе до човечки загуби и материјална штета, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство.

Турската војска претходно соопшти дека денеска извела воздушни удари во северен Ирак  и притоа убила осуммина екстремисти на Курдска работничка партија(ПКК), која е забранета во Турција. паг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close