СветСвет.Портал

Најмалку 16 повредени при земјотрес во Кина

Најмалку 16 лица се повредени, а 378 се евакуирани при земјотрес со јачина од 5,7 степени во кинеската провинција Сичуан.

Пекинг, 16 декември 2018 (МИА) – Најмалку 16 лица се повредени, а 378 се евакуирани при земјотрес со јачина од 5,7 степени во кинеската провинција Сичуан.

Властите објавија вонредна состојба.

На местото на земјотресот се испратени спасувачки екипи.

Неколку земјотреси се регистрирани денеска на 70 километри од градот Ибин. Епицентарот на земјотресите бил на длабочина од 12 километри. Срушени се неколку домови и затворен е патен правец. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close