0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Можен боксинг деј и во Франција

Претседателот на Амиен, Бернар Жоан, изнесе предлог да се играат натпревари на Божик во Француското фудбалско првенство, со цел да се надополнат сите одложени средби.

Париз, 17 декември 2018 (МИА) – Претседателот на Амиен, Бернар Жоан, изнесе предлог да се играат натпревари на Божик во Француското фудбалско првенство, со цел да се надополнат сите одложени средби.

– Во Англија има боксинг деј. Дали и во Франција не е добро да направиме таков потег поради одложените натпревари, нема ли да има и добар маркетиншки ефект?

За потсетување, во француската Лига натпревари од неколку круга беа одложени поради протестите на „жолтите елеци”. Само три екипи ги одиграа сите свои натпревари, Стразбур, Рем и Лил.

Во шампионатот во Франција секогаш постои тринеделен прекин поради претстојните празници. Оваа година 19. круг е закажан за 22 декември, а 20. на 12 јануари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close