0_Магазин.ПорталСцена

Мис Филипини e новата мис универзум

Мис Филипини, Катриона Греј, беше избрана за мис универзум на синоќешниот 67. натпревар за убавина одржан во тајландскиот главен град Бангкок.

Бангкок, 17 декември 2018 (МИА) – Мис Филипини, Катриона Греј, беше избрана за мис универзум на синоќешниот 67. натпревар за убавина одржан во тајландскиот главен град Бангкок.

Како што јави ДПА, 24-годишната Греј е телевизиска водителка, манекенка и пејачка по потекло од Австралија.

На прашањето која е најважната лекција што ја научила во животот, убавицата одговори дека научила да биде благодарна и да се стреми кон убавина додека била наставничка во училиште каде што учеле деца од различно статусно-општествено потекло во предградие на Манила.

Како втора на натпреварот заврши Тамарин Грин од Јужна Африка, а како трета Стефани Гутерес од Венецуела.

Натпреварот „Мис универзум“ третпат се одржа во Тајланд, кој, пак, последен пат беше домаќин на ваков настан 2005 година. си/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close