Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МакедонијаЕкономијаОпштински вести

Македонија може да иновира производи според нанотехнологии

Македонија го има приматот од земјите во регионот со производи според најсовремената, нанотехнологија, за градежништвото и заштитата на енергијата во објектите. За три години, Фондот за иновации, во два наврата поддржа проекти за производство според нанотехнологиите за овие области.

Прилеп, 16 декември 2018 (МИА) – Македонија го има приматот од земјите во регионот со производи според најсовремената, нанотехнологија, за градежништвото и заштитата на енергијата во објектите. За три години, Фондот за иновации, во два наврата поддржа проекти за производство според нанотехнологиите за овие области.

Според прилепскиот бизнисмен Јандре Здравески, чија фирма ги произведува двата намаза, за фасади, ѕидови и за стакло и првично се пласираат во неколку европски земји: Швајцарија, Италија, Хрватска, наскоро и во Пакистан, Македонија има знаење и може да се носи со експертите од земјите-лидери во нанотехнологиите.

– Два производа се по нанотехнологии кои ги избра финансиски да ги поддржи Фондот за иновации на Македонија. Едната иновација е во 2015 година, а втората е годинава. Овие два проекта по нанотехнолигија, чија намена им е за енергетска ефикасност, со нивната употреба може да се заштеди до 30 отсто од потрошувачката на енергија во домот и воопшто во објектите. Ваков тип технологии во Македонија не се произведуваат, ниту, пак, пошироко во регионот. Со експерти од светот се создадени овие производи. Наскоро ќе се најдат низ цела Европа и во светот, вели Здравески.

Кога е во прашање енергијата, светот покажува дека сака да има континуирана енергија, автономна, чиста, евтина и да има неисцрпна моќ. Такви видови енергии може да бидат произведени, користени, складирани или штедени. Новиот закон во Македонија за заштита на објектите од пожари, бара нов вид изолација. Ќе се работи на производ што ќе штити од пожари. Лидери во нанотехнологиите во светот се САД, Кина, Јапонија, Иран, Русија. Македонија не треба да заостанува на ова поле, доколку има желба и сака да вложува во овие проекти. Најбитна е домашната поддршка.

 – Македонските млади кадри и експерти може рамо до рамо да се носат со тие светски лидери. Македонија има стручност и може, доколку сака, да се носи со новите предизвици. За развојот на овие технологии, нам ни треба повеќе домашна поддршка, отколку од странство. Затоа е битна финасиската поддршка од Фондот за иновации, објаснува Здравески.ем/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close