0_Македонија.ПорталПолитика

Конференција за стандарди за добро управување во општините

Конференција за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, во форма на форум со градоначалници на општини, претставници на општини, локални граѓански организации и централни државни институции ќе се одржи денеска во Скопје.

Скопје, 17 декември 2018 (МИА) – Конференција за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, во форма на форум со градоначалници на општини, претставници на општини, локални граѓански организации и централни државни институции ќе се одржи денеска во Скопје.

Целта на конференцијата е да се поттикне дискусија за важноста од воведувањето стандарди за добро управување во локалните самоуправи, како основа за подобро функционирање на локалните власти.

Настанот ќе го отворат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, Фрејк Јанмат,  раководител на Сектор за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегацијата на Европската унија и Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени.

Панелисти на конференцијата ќе бидат градоначалници и претставници на невладиниот и академскиот сектор.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центарот за управување со промени во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

Проектот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на ЕУ поставени во начелата на јавната администрација изработени од СИГМА. Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следеа работата на локалните самоуправи во пет области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии. ац/са/

Таг
Back to top button
Close
Close