Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Конференција за примена на Законот за вршење сметководствени работи

Конференција на тема „Функција и примена на Законот за вршење сметководствени работи“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комората на сметководителите на Македонија. 

Скопје, 17 декември 2018 (МИА) – Конференција на тема „Функција и примена на Законот за вршење сметководствени работи“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комората на сметководителите на Македонија.

Целта на конференцијата е спроведување јавна дебата со остварување широка дискусија и вклучување на сите релевантни страни, сметководители и овластени сметководители, кои се засегнати од Законот за вршење сметководствени работи, претставници на ИСОС и претставници на институциите на Владата на Република Македонија.

Учесниците на конференцијата ќе дадат свој придонес преку соодветни коментари, предлози и забелешки за Законот за вршење сметководствени работи, кои ќе бидат истакнати пред надлежни институции, заради квалитетна имплементација на Законот и унапредување на сметководствената професија.

На конференцијата ќе присуствуваат сите релевантни претставници на секторот, односно сметководители и овластени сметководители во Република Македонија, претставници на ИСОС, на владини и меѓународни институции и организации, како и останати засегнати релевантни страни. ац/са/

Таг
Back to top button
Close
Close