0_Магазин.ПорталСцена

„Кјур“ во Рокенрол-халата на славните

Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол-халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019 година во Баркли-центарот во Њујорк.

Њујорк, 14 декември 2018 (МИА) – Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол-халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019 година во Баркли-центарот во Њујорк.

Ова е едно од најголемите признанија за рок-музичарите, а сега првпат во историјата во изборот учествуваше и публиката.

На церемонијата, чест ќе им биде oддадена и на групите „Рејдиохед“, „Рокси мјузик“ (на Брајан Ин), „Деф лепард“, „Зомбис“, како и пејачите Џенет Џексон и Стив Никс.

Во конкуренција за наградите беа и групи како „Ејџ ејџ машинс“ и „Крафтверк“. си/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close