0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Инстаграм воведе и гласовни пораки

Пет години откако Фејсбук месинџер го „ископира“ Ватсап“ и лансираше гласовни пораки, сега таа опција ја нуди и Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Њујорк, 11 декември 2018 (МИА) – Пет години откако Фејсбук месинџер го „ископира“ Ватсап“ и лансираше гласовни пораки, сега таа опција ја нуди и Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Корисниците сега можат да го држат копчето за микрофон за да снимат куса гласовна порака, која во четот се појавува како аудио бран, која примачот може да ја преслуша кога ќе посака, пренесува Б92.

Гласовните пораки можат да бидат долги до една минута, да бидат трајно присутни во четот или исбришани по одреден период на иОС и Андроид уредите.

Новата функција ќе биде корисна за луѓето кои се во движење и кога им се зафатени рацете или во државите каде Интернетот е премногу скап за видео повици. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close