0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Холандија ја освои бронзата на ЕП за ракометарки

Репрезентацијата на Холандија го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство што се одржува во Франција.

Париз, 16 декември 2018 (МИА) – Репрезентацијата на Холандија го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство што се одржува во Франција.

Во претпоследниот дуел на шампионатот, Холанѓанките попладнево ја победија Романија со 24:20. Победникот беше решен уште по првото полувреме кое Холандија го доби со 15:8.

Во борбата за шампионскиот трофеј од 17 часот и 30 минути се среќаваат домаќинот Франција и Русија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close