Останато

Хиршер најбрз на велеслаломот во Алта Бадија

Австрискиот скијач Марсел Хиршер е победник на велеслаломската трка од Светскиот куп возена денеска во италијанскиот зимски центар Алта Бадија.

Алта Бадија, 16 декември 2018 (МИА) – Австрискиот скијач Марсел Хиршер е победник на велеслаломската трка од Светскиот куп возена денеска во италијанскиот зимски центар Алта Бадија.

Хиршер двете возења ги заврши со вкупно време 2.32.29 минути.

На второто место заврши Тома Фанара (Франција) со 2.53 секунди заостанување, трет беше Алексис Пинтуро со вкупно време 2.34.98.

По денешната победа Хиршер изби на првото место во Генералниот пласман од Светскиот куп со 380 бода, пред сонародникот Франц Макс со 340, трет е Аксел Лунд Свиндал со 333,… зс/

Таг
Back to top button
Close
Close