0_Магазин.ПорталНаука и технологија

„Гугл“ негира дека ги следи корисниците кога прелистуваат во инкогнито-режим

„Гугл“ води судски спор со креаторите на алтернативниот пребарувач „ДакДакГоу“, во кој гигантот е обвинет дека постојано ги следи интернет-корисниците.

Њујорк, 6 декември 2018 (МИА) – „Гугл“ води судски спор со креаторите на алтернативниот пребарувач „ДакДакГоу“, во кој гигантот е обвинет дека постојано ги следи интернет-корисниците.
Според претставниците на „ДакДакГоу“, алгоритмите на компанијата собираат информации за активностите на корисниците за да ги приспособуваат резултатите од пребарувањето и рекламите.
Тужителите тврдат дека оваа практика се врши дури и ако корисниците го активирале инкогнито-режимот на сурфање на интернет на веб-прелистувачот.
„Гугл“ категорично ги отфрла ваквите тврдења.
Технолошкиот гигант прецизира дека тоа не се случува и секој може да излезе од својот профил во „Гугл“ или да го стартува инкогнито-режимот на веб-прелистувачот. Така корисникот ќе гледа сосема различна содржина во однос на резултатите од пребарувањето и рекламите во споредба со случаите кога е најавен во својот профил и ги гледа сите информации во неговиот профил.
Сепак „ДакДакГоу“ смета дека „Гугл“ ги доведува корисниците во заблуда со начинот на кој работат инкогнито-режимите на најпопуларните прелистувачи.
Според нив, „Гугл“ користи голем број практики за манипулирање со резултатите од пребарувањето и со тоа создава нелојална конкуренција. вз/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close