0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРакомет

Франција нов европски шампион

Домаќинот на Европското првенство за ракометарки, репрезентацијата на Франција го освои златниот медал, откако вечерва во финалето ја победи Русија со 24:21 (13:12).

Париз, 16 декември 2018 (МИА) – Домаќинот на Европското првенство за ракометарки, репрезентацијата на Франција го освои златниот медал, откако вечерва во финалето ја победи Русија со 24:21 (13:12).

Поранешната вардарка, Александра Лакрабер со шест погодоци беше најефикасна во победничкиот тим.

Најмногу погодоци во рускиот состав, водено и натпреварот постигна Вјакирева – седум.

„Триколорките“ го освоија првиот наслов европски шампион.

Русија е четирикратен светски првак, но и понатаму останува без европско злато. Досега има две сребра и две бронзи од континенталните шампионати. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close