0_Магазин.ПорталБизнисНаука и технологијаСвет

„Епл“ може да го пресели производството на „ајфон“ од Кина

„Епл“ ја разгледува можноста за преселување на производството на телефоните „ајфон“ од Кина, ако увозните давачки на САД достигнат 25 отсто.

Купертино, 13 декември 2018 (МИА) – „Епл“ ја разгледува можноста за преселување на производството на телефоните „ајфон“ од Кина, ако увозните давачки на САД достигнат 25 отсто.
Засега, компанијата чека да види како ќе се развива трговскиот спор меѓу двете светски водечки економии.
Добавувачите на технолошкиот гигант планираат да се придржуваат до постојниот модел дури и ако САД воведат тарифа за 10 отсто за паметните телефони, велат извори на „Блумберг“.
Но, ако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги зголеми царините на 25 отсто, тогаш „Епл“ и добавувачите ќе ја разгледаат новонастанатата ситуација.
Претходно, Трамп изјави дека „Епл“ и неговите клиенти нема да страдаат од царините од 10 отсто за увоз на паметни телефони и лаптопи од Кина.
– Луѓето можат да се справат со ова многу лесно, изјави Трамп.
Економистите и аналитичарите сметаат дека обидот на претседателот на САД да го намали трговскиот дефицит со Кина би можел да биде „катастрофален“ за Епл.
„Епл“ би можел да го „склопува“ „ајфон“ надвор од Кина, на пример во Индија, но масовното преместување на производството е премногу тешка задача. Според аналитичарите, таквиот потег е невозможен во моментот. вз/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close