0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Демократите би можеле да загубат ако иницираат импичмент на Трамп

Дали ова е почеток на крајот на претседателското владеење на Трамп?

Вашингтон Пост- Вашингтон

16 декември 2018

Дали ова е почеток на крајот на претседателското владеење на Трамп?

Федералните обвинители минатиот петок објавија две бомби. Прво обвинителот на Јужниот Округ на Њујорк поднесе барње за пресуда за поранешниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен, во кое како факт се наведува дека и самиот претседател бил вмешан во исплаќањето пари на две жени за да молчат, како што се тврди, за тоа дека биле во интимна врска со него.

По ова Кабинетот на специјалниот обвинител Роберт Малер објави документ во кој се тврди дека поранешниот шеф на предизбрниот тим на Трамп, Пол Манафорт дал лажни изјави пред обвинителите, дури и откако се согласил да соработува со истрагата.

За набљудувачите, кои се надеваат на пад на Администрацијата, тие документи само се надодаваат на купот од докази кои водат кон импичмент. Сепак, останува да се измине долг пат од тие документи, до вратата на претседателот, а тој пат веројатно ќе биде опасен за сите учесници.

Опасноста за Трамп е очигледна. Обвинителите можат да го „затегнат“ со доволно сериозни обвиненија, што би можеле да иницираат импичмент и тоа да биде поддржано од демократите, кои во јануари ќе ја преземат контролата во Претставничкиот дом. Дури и ако Трамп успее да обезбеди доволен број републикански гласови во Сенатот за да избегне смена од власта, самата процедура веројатно ќе биде понижувачка.

Импичментот ќе биде опасен и за републиканците во Сенатот. Лидерот на републиканското мнозинство Мич Мекконел е познат по користењето на процедуралните постапки за да ги заштити своите сопартијци од непријатни гласања. Но, ако Претставничкиот дом усвои импичмент на претседателот, Мекконел не ќе може да го избегне тоа гласање во Сенатот.

Тоа ќе значи дека ако на Трамп му биде изгласан импичмент во Претставничкиот дом, секој републикански сенатор ќе треба да аргументира зошто би гласал за смена на претседателот, кој и натаму е популарен меѓу голем број од гласачите на републиканците или зошто го поддржува и покрај причините што довеле до постапката за импичмент.

Некои од тие сенатори, како Линдзи Грем, ќе бидат оптоварени од нивните тврдења што ги изнесуваа пред две децении во времето кога бараа импичмент на тогашниот претседател Бил Клинтон. Многумина други ќе мора да ги почитуваат мислењата на жителите на предградијата, каде гласачите по секој нов непријатен твит на Донал Трамп се повеќе се ориентираат кон демократите. Само мал број републикански сенатори би сакале да ги налутат овие гласачи застанувајќи во заштита на однесувањето на претседателот. Но, од друга страна, тие нема да сакаат ниту да ги налутат приврзаниците на Трамп од руралните и приградските реони,  со тоа што ќе им го фрлат претседателот на волците.

Сепак, најголема опасност може да биде онаа со која ќе се соочат демократите. Тие би можеле да ја покренале постапката за импимент, иако можеби нема да успеат да соберат доволно докази за да ја оправдаат.

Ако истрагата на Малер заврши без да се утврди директна врска меѓу претседателот и руското мешање во изборите од 2016 година, демократите ќе инсистираат да почне постапката за импичмент поради прекршување на правилата за финансирање на предизборната кампања, која обвинителие ја поврзаа со исплатата на пари во замена за молчење. Ако тие активисти се доволно гласни може да дојде до импичмент, едностано затоа што ниту еден демократски конгресмен нема да сака да биде носител на лошите вести за симпазитерите на демократие.

Резултатот од сево ова би можело да биде повторување на постапката за импичмент како во случајот со Клинтон, со таа разлика што таборите овојпат ќе бидат на спротивнитр страни на барикадите. Демократите ќе имаат сопствени проблеми како сенаторот Линдзи Грем при импичментот на Клинтон. Сенаторот Чарлс Шумер и конгресменката Ненси Пелоси ќе треба да објаснат зошто однесувањето на Трамп е полошо од она на еден претседател кој имал секс со 22-годишна стражантка во Белата куќа, а потоа ја криел аферата со лажно сведочење.

Тој аргумент меѓутоа без разлика колку успешно ќе го претстават, нема да наиде на добар прием надвор од идеолошкиот простор на левицата. Објаснувањето дека работите се промениле со појавата на движењето #MeToo, нема да биде од голема корист.

Ако барањето за импичмент биде поради прекршување на законите за прикривање на неприфатливо сексуално однесување, наместо поради руската вмешаност во изборите, тоа веројатно ќе има бумеранг ефект, исто како што импичментот на Клинтон им направи лоша услуга на републиканците.

Демократите би можеле постојано да повторуваат дека се вознемирени поради предизборното финансирање, а не поради сексуалните авантури, но во очите на јавноста дебатите ќе се сведат на прашањето за сексот.

Иако можеби движењето #MeToo ги промени ставовите во Вашитнгтон, во целата земја има милиони не толку политички ангажирани гласачи, кои не се заинтересирани за политиката и не сметаат дека Конгресот треба да се занимава со сексуалното минато на претседателот. Ако се дојде до таква состојба, демократите веројатно ќе зажалат.

Тоа се цела низа на „ако“. За жал, ниту едно од тие „ако“ не ќе може да се расчисти се додека Малер не го разоткрие обемот на можните влијанија на изборниот процес. Единственото сигурно нешто во овој момент е и дека 2019-тата ќе биде една од најгрозните и најгневните години во историјата на САД. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close