Дописници МакедонијаКултура.ПорталОпштински вести

Читателите од Македонска Каменица во акција за размена на книги

Група на ентузијасти кои се љубители на пишаниот збор од Македонска Каменица организираа вечер на која меѓу себе разговараа за содржината на книгите кои ги имаат во своите домашни библиотеки. Покрај тоа, си разменија литература од различни жанрови, како дел од првата размена на книги во Македонска Каменица.

Македонска Каменица, 16 ноември 2018 (МИА) – Група на ентузијасти кои се љубители на пишаниот збор од Македонска Каменица организираа вечер на која меѓу себе разговараа за содржината на книгите кои ги имаат во своите домашни библиотеки. Покрај тоа, си разменија литература од различни жанрови, како дел од првата размена на книги во Македонска Каменица.
Како што истакна организаторот Тара Димитровска, настанот е поттикнат од социјалните мрежи и групата за размена на книги и книжевни муабети.
-Ние сме група на читатели кои одлучивме да направиме настан со цел да си ги размениме книгите кои ги имаме во нашите домашни библиотеки. Исто така разговаравме за сето она што е актуелно во светот на книгите. На настанот присуствуваа сите оние кои се членови на фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“ со кои се дружиме и приватно за она што е најважно за нас, а тоа е добрата книга, рече Димитровска.
Таа додаде дека со самото читање слободна литература и дела на познати светски и домашни писатели, читателот го збогатува својот личен речник, но и има подобра перцепција за нештата околу него.
Од оваа група апелираат и до останатите читатели од Македонска Каменица активно да се вклучат во ваквите и слични активности кои го збогатуваат духот на секој поединец. Следната размена на книги во Македонска Каменица ќе се одржи на пролет. вс/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close