Ракомет

Брестовац: Во клучните моменти ракометарите на Нексе беа поконцентрирани

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, рече дека поразот синоќа на гостувањето кај Нексе можеше да биде избегнат ако во завршницата неговите избраници одиграа повнимателно.

Нашице, 17 декември 2018 (МИА) – Тренерот на Металург, Данило Брестовац, рече дека поразот синоќа на гостувањето кај Нексе можеше да биде избегнат ако во завршницата неговите избраници одиграа повнимателно.

– Им честитам на Нексе и на мојот колега Хорват за победата. Во решавачките моменти тие беа поконцентрирани, за разлика од моите ракометари, кои беа нервозни. Сепак, повторно велам дека имаме добар тим и добра иднина. Верувам дека многу подобро ќе играме во вториот дел од сезоната, истакна предводникот на тимот од Автокоманда.

Металург загуби со 26:23 и остана на само една победа и еден нерешен резултат во 12-те СЕХА-дуели оваа сезона.

Вториот македонски претставник во регионалното ракометно натпреварување, тимот на Вардар, попладне од 17:30 часот гостува во Букурешт кај Стеауа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close