Свет

Најмалку 22 жртви во серија експлозии и пожар во реон на хемиска фабрика во Кина

Најмалку 22 лица загинаа, и уште толку се повредени при серија експлозии и пожар во реон на хемиска фабрика во северната кинеска провинција Хебеј.

Пекинг, 28 ноември 2018 (МИА) – Најмалку 22 лица загинаа, и уште толку се повредени при серија експлозии и пожар во реон на хемиска фабрика во северната кинеска провинција Хебеј.

Локалните жители се повикани да не се доближуваат до локацијата. Во пожарот изгореле 38 камиони и 12 автомобили.

Според локалните медиуми, инцидентот бил предизвикан од експлозија на камион, натоварен со експлозивни материи. Камионот се наоѓал во колона од автомобили, која се формирала во текот на ноќта на излезот од фабриката. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close