
Број на објава:593/11/18
Датум: 27.11.2018
Нарачател:Elbit Systems
Телефон:+972-77-2948809
Клучни зборови:Elbit Systems
На денешната церемонија во Романија, на која присуствуваа највисоки официјални претставници и претставници од индустријата, ЕЛБИТ Системи, го отвори новиот погон за дизајнирање и производство на копнени системи во близина на Букурешт.
Новоотворениот погон ќе работи како центар за производство и интеграција на куполите и вооружените станици кои што ги произведува ЕЛБИТ системи, кои се веќе договорени со проектите во регионот и ќе служи како регионален центар за исполнување на начките на останатите земји од регионот.
Генералниот директор на секторот за копнени системи и комуникации (Land&C4I ) г-дин Јехуда (Уди ) Веред (Yehuda (Udi) Veredизјави: “Среќен сум да најавам дека овој нов погон ќе отпочне со работа веднаш, исполнувајќи ги нарачките не само за Министерството за одбрана на Романија, туку истотака и тие кои што се договорени со меѓународните клиенти“.
ЕЛБИТ системи успешно работи во Романија како долгорочен испорачател на Министерството за одбрана , повеќе од 25 години, соработувајќи со локалните индустрии , вклучувајќи ги во големите проекти, вклучително, помеѓу другите: надградби на авиони, разновидни проекти за Романските копнени единици и обезбедувајќи решенија за Романската морнарица .
Сместен во непосредна близина на Букурешт, новиот погон за дизајнирање и производство од 1000 квадратни метри е четврт по ред кој е воспоставен во Романија, со што значително се проширува бројот на вработени лица во компаниите, кои работат на дизајнирање и производство во земјата и со што допoлнително го зголемуваат трансферот на технологијата по принципот “ ДА СЕ ЗНАЕ КАКО„ во Романија.
Г-дин Веред го дополни и следното: “Новиот погон претставува уште еден чекор во продлабочување на нашето присуство во Романија. Ни претставува привилегија да бидеме во позиција да обезбедиме технолошки напредни и оперативни копнени системи за вооружените сили на Романија. Ние сме горди да што можеме да ја зголемиме нашата производствена активност во земјата и да го прошириме нашето големо искуство со обезбедување на копнени системи за клиентите од целиот свет и значително да го зголемиме трансферот на технологија во Романија, да го зголемиме вработувањето на локално ниво и да го зајакнеме извозниот потенцијал .
Податоци во врска со ELBIT Systems
ELBIT Systems Ltd . е една од меѓународните компании за висока технологија, која работи во еден широк спектар од одбраната , државната безбедност и комерцијалните проекти ширум светот. Компанијата, која што го опфаќа ELBIT Systems и неговите подружници, работи во областа на воздухопловството, копнени и морнарички системи, командување, контрола , комуникации , компјутери , разузнавачко извидување и набљудување ( C4ISR), воздухопловни системи без екипаж, напредни електро-оптики и електро оптички системи, комплети за електронско војување (EW), системи за сигнално разузнавање,системи за дата линкови и комуникациски системи, радио системи и сајбер системи. Компанијата истотака се фокусира на надградување на постоечките платформи, развивајќи нови технологии за одбраната,државната безбедност и комерцијални апликации и обезбедување на спектар на услуги за поддршка, вклучително и системи за обука и симулација .
За дополнителни информации, посетете ја нашата веб страница : www.elbitsystems.com и следете не на :Facebook/Twitter/Youtube / .
Контакти :
David Vaaknin Dana Tal-Noyman
VP,Head of Corporate Communications Manager Corporate Communications&Digital
Tel: 972-77-2946691 Tel: 972-77-2948809
Cell:972-52-8000403 Cell: 972-54-9998809
david.vaaknin@elbitsystems.com danatal@elbitsystems.com
МИА – ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.